Падот на американската империја преку анализа на циклусот Кублер-Рос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како ќе реагираат Соединетите држави на домашен терен доколку Кина ја превземе нејзината улога на глобална супер сила? Како и очигледните економски и стратешки последици од крајот на американската империја, ќе има длабоки емоционални и психолошки ефекти врз општеството кое својата хегемонија ја зема здраво за готово повеќе од три четвртини од еден век.

Соединетите Држави се наоѓаат пред моменти кога доларот повеќе нема да биде глобална валута, Јужнокинеските мориња повеќе нема да бидат достапни за американската морнарица, соогледување на фактот дека Африка е ефективно колонизирана од Кина, и можното проголтување на Украина од Русија и Тајван од Кина. Ако Соединетите Држави го задржат својот сегашен курс, Американците треба да се подготват за еден век понижувачки отстапки ширум светот. Како овие случувања веројатно ќе се одвиваат во веќе длабоко поделената политика и општество?

Може да се направи аналогија со Британската империја и со долготрајниот процес на гнев што го доживеаја Британците во три и пол децении откако Индија стана независна во 1947 година. За една и пол генерација, најголемата империја во историјата на човештвото беше сведена на борба со Аргентина за Фолкландските Острови. Империите имаат тенденција да растат и паѓаат побрзо во модерната отколку во античката историја, па што може да нè научи британската загуба на империјата за можниот пад на Америка?

Корисно средство за разбирање како Британците полека се приспособувале на нивното повоено губење на моќта и престижот е обезбедено од Циклусот на тага Кублер-Рос – процес од пет фази преку кој поединците се справуваат со трагедијата, жалоста и сознанието за неизбежна смрт. Патувањето на британскиот народ низ тие пет фази на тага има длабоки импликации за Америка, под претпоставка дека таа продолжува по нејзиниот избран пат на импотенција и повлекување.

Првата фаза од циклусот Кублер-Рос е Негирање, што беше првичниот одговор на британската влада по губењето на скапоцениот камен во британската империјална круна. Без оглед на идеолошкиот анти-империјализам на лабуристичката влада на Клемент Атли, таа инсистираше на тоа дека Индија ќе остане дел од Британскиот Комонвелт и приврзана кон западниот антикомунистички блок. Навистина, целиот концепт на Комонвелтот – основан во декември 1931 година, но сериозно сфатен до 1947 година – може да се гледа како напор на народот кој го негира губењето на Империјата.

Америка е веќе во фаза на негирање на губењето на моќта во странство. Говорите и прес-конференциите на претседателот Бајден во времето нa понижувачкото и избрзано повлекување на коалицијата од Авганистан, ја издаваат психолошката симптоматика на првата фаза од циклусот Кублер-Рос. „Синоќа во Кабул“, изјави Бајден во Белата куќа на 31-ви август, „САД ставија крај на 20-годишната војна во Авганистан – најдолгата војна во американската историја. Завршивме една од најголемите операции воздушен транспорт во историјата, со повеќе од 120.000 луѓе евакуирани на безбедно. … Ниту една нација никогаш не направила нешто слично во целата историја. Само Соединетите Американски Држави имаа капацитет, волја и способност да го направат тоа, а ние тоа го направивме денес“.

Всушност, многу нации имаат капацитет, волја и способност да изгубат војни, но Соединетите Држави не го сториле тоа уште од Виетнам. И како што последователно покажаа говорите и постапките на Бајден, неговата администрација ја негира пораката што поразот од Талибанците им ја испраќа на колебливите сојузници и на радосните антагонисти.

Британија беше потресена од нејзината фаза на негирање со Суецката криза од 1956 година, која пристигна помалку од една деценија по загубата на Индија.

Втората етапа од циклусот Кублер-Рос е гневот, а гневот го покажа Ентони Иден со неговата инвазија на – и последователното повлекување од – зоната на Суецкиот Каналот која беше симптом на подлабок гнев поради понижувачката позиција на Британија на светската сцена. Улогата на Соединетите Држави во принудувањето на понижувачкото повлекување на Велика Британија по успешната воена операција дополнително го етаблираше новиот светски поредок и испрати голем број конзервативци како Енох Пауел во пуста стрмнина на доживотниот антиамериканизам. Гневот кај британската политика беше очигледен и во активностите на Лигата на лојалистите на империјата, која ги прекина политичките состаноци во раните 1960-ти. Нејзините членови беа бесни што по Суец и независноста на Судан, конзервативците повеќе не се сметаа себеси за партија на Империјата.

Kaпацитетот за гнев во модерната американска политика едвај треба да се нагласи по ужасните сцени во Капитол на 6-ти јануари 2021 година. Изборите во ноември 2022 година може да посведочат за одреден излив на гнев поради американското губење на хегемонијата. Тоа ќе биде првпат големи делови од американскиот електорат да излезат на гласање по авганистанската катастрофа. Гневот кон демократите најверојатно ќе резултира со нивно губење на Претставничкиот дом и губење на позицијата на Бајден/

Британија влезе во третата фаза од циклусот Киблер-Рос – Преговори – во 1960-тите кога го направи рационалниот избор да се приближи кон Соединетите Држави; со познатата фраза на Харолд Мекмилан, Британија да стане Грција на американскиот Рим. Неговиот однос со претседателот Кенеди и поддршката за време на кубанската ракетна криза беа темелите на новиот специјален однос по Черчил. Ова беше логичен одговор на дебаклот по Суец, и позицијата на Бријатенија не можеше дополнително да се ослаби со одбивањето на Харолд Вилсон и Едвард Хит да бидат вовлечени во Виетнам.

Останува да се види што ќе направат САД во нејзината фаза на преговори. Секако, таа почнува со неповолна положба бидејќи претседателот Бајден не е толку добар дипломатски преговарач како претседателот на Кина Џинпинг или рускиот претседател Путин, кои се чини дека успежно и постојано го маневрираат. Затоа е сомнително дека Соединетите Држави можат успешно да преговараат со нејзините противници и ривали во обид да го одбранат светскиот поредок заснован на правила, откако таа ќе биде засенета како врвна светска суперсила.

Кога Британија влезе во фазата на депресија од циклуст Кублер-Рос во 1970-тите, таа го стори тоа со целосна двопартиска посветеност на националниот пад. Таа доживеа депресија и во нејзината метафизичка и во материјална смисла. Економски и по престиж, таа ризикуваше да се лизне во третиот ранг на светските сили благодарение на социјализмот и оптоварена со конзервативен одговор на истиот. Во таа мачна деценија, Британија доживеа тројно зголемување на цената на нафтата на ОПЕК; Насилство на ИРА во Северна Ирска; штрајк на рударите што доведе до прекини на струја и тридневна недела, стагфлација, ограничувања на цените и приходите; и синдикалната милитантност што го загрози приматот на Парламентот. Најлошото (бидејќи најдолготрајниот) од развојот на таа деценија се случи кога Британија ѝ го сврте грбот на Комонвелтот и се приклучи на ЕЕЗ во 1973 година. Само земја во состојба на тешка депресија, сомнеж во себе и историска амнезија можеше да направи такво нешто.

Кога Соединетите Американски Држави признаат дека веќе не се важни во светот како некогаш, дека клучните сојузници се дистанцираат и флертуваат со Кина, дека глобалните организации формирани од Бретон Вудс и Дамбартон Оукс веќе не го гарантираат нејзиниот примат и дека постои малку што може да направи за тоа, тогаш депресијата ќе ја погоди Америка. Тоа ќе ја остави збунета, мрзлива и подложна политички да се сврти кон себеси. Ќе биде грдо време.

Во 1980-тите, Британија ја прифати петтата и последна фаза од Циклусот – Прифаќање. Ова беше речиси целосно зависно од една личност, Маргарет Тачер. Фолкландската војна се чинеше дека го ублажи тажниот налет и предавањето од Суец, а спектакуларната победа во Студената војна, делумно поради нејзиниот блиско сојузиштво со Роналд Реган, конечно обезбеди неакво задоволство по загубата на Империјата. Иако таа никогаш повеќе не можеше да биде врвна моќ, замената на Британија со нејзиниот близок сојузник беше пријатна бидејќи се покажа дека Специјалната врска добро функционира за двете земји, а исто така и за ослободувањето на светот од советскиот комунизам.

За модерна Америка, сепак, прифаќањето на падот не може да има никакво чувство на олеснување бидејќи државата-наследник е тоталитарна. Секој пропис на националсоцијалистичка Кина е целосно спротивен на американските вредности. Британската држава-наследник го споделуваше нејзиниот јазик, обичајното право, либералните принципи, слободниот пазар и светогледот. Соединетите Држави не можат да имаат таква утеха кога ѕиркаат во нејзината постимперијална иднина. Значи, последната фаза на прифаќање на Америка е полн со многу поголеми опасности од другите четири заедно. Слободниот свет навистина ќе го дочека своето „време кога се хранат скакулците“.

Дали сето ова е неизбежно? Не ако Соединетите Држави можат уште еднаш да го сфатат лидерството на Западот наместо да се впуштат во самоуништувачки и длабоко декадентни опсесии со сопствените грешки, реални и замислени. Соединетите Држави треба да ги послушаат зборовите на Винстон Черчил за време на дебатата во Минхен од 5 октомври 1938 година.

На народот, рече тој, треба да им се каже дека „преживеавме пораз без војна, чии последици ќе патуваат далеку со нас по нашиот пат; тие треба да знаат дека поминавме страшна пресвртница во нашата историја… И немојте да претпоставувате дека тука е крајот. Ова е само почеток на пресметката. Ова е само првата голтка, првиот предвкус на горчливата чаша што ќе ни се принесува од година во година, освен ако со врвно закрепнување на моралното здравје и борбената способност, повторно не станеме и застанеме на страна на слобода како во старо време. ”

Претседателот Бајден веќе јасно стави до знаење дека не ги разбира тие зборови или не ја цени нивната сегашна важност. Засега, Американците и понатаму се преокупирани со критичката теорија на расите и бескрајно повторно разгледување на ропството 158 години по неговото укинување. Се надеваме дека некаде пред Кина да го преземе Тајван, Путин да ја преземе Украина и Иран да развие нуклеарна бомба, Соединетите држави ќе го отфрлат прифаќањето на својот крај и ќе го прифатат сопственото врвно закрепнување на моралното здравје и борбената способност.

Извор: Zerohedge

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This