дома Свет Падoт на биткоинот е неизбежен: Постојат две причини за koлапс на најпопуларната...

Падoт на биткоинот е неизбежен: Постојат две причини за koлапс на најпопуларната криптовалута

Лансиран на почетокот на 2009 година, биткоинот сега е најголемата крипто валута во светот во однос на пазарната капитализација и количината на податоци складирани на неговиот блок-синџир. Сепак, според советникот за инвестиции Стивен Ајзак, крајот на биткоинот е неизбежен.

Тој изјави за CNBC две причини за идниот колапс на најпопуларната криптовалута.

Регулативата на владата и еколошките ризици се два клучни фактори кои претставуваат ризик за криптовалутите, изјави претседателот на инвестицискиот одбор на советничката компанија Алвин Капитал со седиште во Лондон.

„Не знам каде ќе заврши, или како ќе заврши, но ќе заврши. И кога ќе заврши, ќе биде гадно, бидејќи таму веќе нема да има ништо“, рече Ајзак.
Цената на биткоинот падна за 17 проценти за време на викендот, по експлозивниот раст кој кулминираше со рекордна вредност од 64.000 долари, во услови на непотврден извештај дека Министерството за финансии на САД наскоро би можело да започне акции за институциите кои користат дигитална валута за перење пари.

Исак рече дека она што се случи за време на викендот е само навестување за тоа што може да се случи ако пристигнат регулативите.

„Биткоинот е скоро жртва на сопствениот успех, ако овој производ овозможи трансфер на огромна сума пари помеѓу целосно анонимни лица, тоа е против целата генерација на регулативи“, додаде тој, пренесува Спутник Интернешнл.

Биткоинот се заснова на блокчејн технологија која гарантира безбедност на нејзините трансакции. Криптовалутата, сепак, не може да се нарече целосно анонимна, бидејќи технологијата на блокчејн исто така значи дека секоја трансакција ќе се снима засекогаш, што може да претставува ризик за приватноста.

Компонентите на Биткоин, како што се адресите и трансакциите, се гледаат во текстуални низи кои не можат да бидат директно поврзани со ничиј личен идентитет, што ги прави анонимни корисниците на криптовалутата.

Ајзак исто така рече дека биткоинот е многу валкан производ и станува се повалкан од минута во минута, бидејќи количината на енергија потребна за „рударство“ расте, а тоа е уште еден фактор што ќе ги убива криптовалутите ако сериозно се зафатиме со климатските промени.

Процесот на „ископување“ на биткоин се потпира на компјутери кои се натпреваруваат да решат математички проблем за секоја трансакција и кој прво ја решава и потврдува трансакцијата – „заработува“. Решавањето на овие равенки станува сè поконкурентно и потешко бидејќи се повеќе луѓе се вклучени низ целиот свет, а технологијата напредува.

Понудата на „монети“ за рударство е ограничена на 21 милион, а до февруари беа „ископани“ 18 милиони биткоини.