дома КОВИД-19 (Коронавирус) ПАКЕТ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИСОТ: Руските банки одобриле бескаматни кредити за...

ПАКЕТ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИСОТ: Руските банки одобриле бескаматни кредити за 30 милијарда рубљи за исплата на плати

До 28 април, руските банки одобриле бескаматни кредити за исплата на плати на вработените за вкупно 30 милијарди рубли. Ова го соопшти денеска шефот на Одделот за зaштита на потрошувачи и пристап до финансиски услуги на Руската банка, Михаил Мамута.

Руската Влада неодамна усвои пакет мерки за поддршка на бизнисот поради пaндемијата со Ковид-19.

За бизнис заедницата беше покрената програма за заеми без камати за бизниси што претрпеле најмногу од пандемијата. Обемот на секој заем е во согласност со износот на една минимална плата, која во моментов е во земјата е 12.130 рубли за секој вработен во компанијата.