дома Македонија ПАК СЕ ОДЛОЖИ: Боки 13 и Катица Јанева ја одложија „метлата“ на...

ПАК СЕ ОДЛОЖИ: Боки 13 и Катица Јанева ја одложија „метлата“ на Заев

Иако уште минатата недела премиерот Зоран Заев најави за денеска дека се очекуваат првите одлуки за промена на функционери од вториот и третиот ешалон, тоа не се случи.

Станува збор за директори на јавните претпријатија и раководители на другите служби, за кои прво требаше да се разговара со помалите коалициони партнери, а денеска да бидат донесени првите одлуки. Но на денешната владина седница нема кадровски решенија.