дома Свет Пак утна: Бајден ги измеша Ѓукановиќ и Кривокапиќ во честитката за Денот...

Пак утна: Бајден ги измеша Ѓукановиќ и Кривокапиќ во честитката за Денот на државноста

Американскиот претседател Џозеф Бајден му го честиташе на претседателот Мило Џукновиќ 13 јули, Денот на државноста на Црна Гора, но го измеша со премиерот Здравко Кривокапиќ.

Имено, Бајден во својата честитка вели дека било важно да се слушне „вашиот придонес за време на нашиот неодамнешен самит на НАТО во Брисел“, на кој не беше Џукановиќ, туку Кривокаиќ, и кој се одржа во средината на јуни во седиштето на НАТО.

Во својата честитка Бајден, меѓу другото, напиша дека Соединетите држави ќе продолжат да даваат силна поддршка на народот на Црна Гора во напредокот на евроатлантскиот пат и спроведувањето на реформите неопходни за пристапување во Европската унија известува Танјуг.

Бајден ја честиташе и четвртата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО алијансата.