дома Македонија ПАЛЕВСКИ ГО НАПУШТИ СЈО: Љупчо Палевски само кажа дека бил повикан во...

ПАЛЕВСКИ ГО НАПУШТИ СЈО: Љупчо Палевски само кажа дека бил повикан во врска со предистражна постапка

 По четири часа распит во СЈО, Љупчо Палевски ги напушти просториите на СЈО заедно со својот адвокат. Тој влезе во приватно возило и на излегување од СЈО не сакаше да застане пред камерите да даде подетални информации зошто, речиси, цел ден беше задржан во полициска станица, а потоа околу четири часа беше на распит во СЈО.


Накусо влегувајќи во својот автомобил Палевски само кажа дека бил повикан во врска со предистражна постапка која што накусо рече дека е тајна и поради тоа не може да соопшти повеќе детали на јавноста.

Полицијата извршила претреси во неколку објекти и на Палевски во Скопје но останува тајна дали го пронашле тоа што го барале.