дома Здравје ПАМПЕРС: Истражувањето е нарачано, нема канцерогени состојки во нашите производи

ПАМПЕРС: Истражувањето е нарачано, нема канцерогени состојки во нашите производи

„Памперс“ целосно ги отфрла заклучоците од истражувањето на „Ле паризиен“. Компанијата уште еднаш потврдува дека не додава ПАХ-состојки (полициклични ароматични хидрокарбонати).

– Сите комппоненти во нашите пелени се строго избрани и оценувани до најситниот детал. Тие се во согласност со строгата Европска регулатива Reach која што гарантира безбедно производство и користење состојки. Пред нашите производи да излезат на пазарот, тие со исклучителна сериозност клинички се тестираат од научници, експерти и независни педијатри – истакнуваат од „Памперс“.

Од компанијата велат дека за да се заштити бебешката кожа, тенка наслага лосион е вметната во внатрешниот слој на пелените со цел да се намали можноста од осип. Притоа, тие укажуваат дека петролатумот содржан во лосионот во пелените „Памперс“ е прочистен и целосно безбеден за бебињата. Ова е потврдено од докторот и педијатрискиот дерматолог, професор Даниел Хол, поранешен претседател на Европската асоцијација на педијатриска дерматологија.

– Детално го проучив тестирањето за сигурност што „Памперс“ го спроведува и лично потврдувам дека овие производи се совршено безбедни за бебешката кожа. Петролатумот е инертната компонента која не само што секојдневно се употребува во козметиката туку и широко се препорачува од дерматолози и од педијатри за заштита на бебешката кожа – вели д-р Хол.

„Памперс“ уште еднаш истакнува дека состојките на овој лосион се во согласност со европските регулативи за козметика. Истите редовно се проверуваат од европските здравствени институции.