Пандев: Ангеловски треба да остане до крајот на квалификациите за СП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Пандев беше запрашан за ситуацијата на Игор Ангеловски и неговата најава дека заминува од селекторската позиција на Македонија.

Легендата на мак-фудбалот, кој ја заврши репрезентативната кариера на Европското првенство, смета дека популарниот Мрме треба да остане до крајот на квалификацискиот циклус за Светското првенство.

„Тоа треба да одлучат луѓето од ФФМ, дали Ангеловски треба да остане селектор. Уште пред да заврши мечот со Холандија, на македонските портали се пишуваше за нов предводник на репрезентацијата. Му посакувам да се пласира на Светско првенство. Мислам дека селекторот треба да добие шанса да ги заврши квалификациите за СП, но знаеме како функционираат работите кај нас.

Жал ми е што не освоивме еден бод. Бевме многу блиску, но и многу далеку. Ова е големо искуство за нас, големи емоции… Жал ми е што не ги израдувавме навивачите. Оваа генерација треба да биде запишана со златни букви во историјата.

Немам договор со клубот, сега заминувам на одмор, па потоа ќе размислувам за тоа“, вели Пандев.

37-годишниот ветеран сега ќе треба да одлучува што ќе прави кога е во прашање клупската кариера. Џенова му нуди уште една година соработка, но засега нема никакви најави околу неговата конечна одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This