дома Спорт ПАНДЕВ МУ ЈА ТРГНА НАСМЕВКАТА ОД ЛИЦЕТО НА РОНАЛДО: Со асистенција и...

ПАНДЕВ МУ ЈА ТРГНА НАСМЕВКАТА ОД ЛИЦЕТО НА РОНАЛДО: Со асистенција и гол само го победи Јувентус!

Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата големина, најдобриот натпревар сезонава играјќи го токму против шампионот Јувентус. Македонецот влеззе во игра во второто полувреме на местото на Санабрија и блесна во сиот свој сјај, најпрвин асистирајќи му на Стураро за водство од 1-0, а потоа и самиот погодувајќи за 2-0 за Џенова.

„Гранде Пандев“ одлично втрча на додавање на Куаме, силно биеше од петнаесетина метри и го совлада Перин.

Добрата форма на капитенот е одлична вест и за македонската репрезентација, на една седмица пред стартот на квалификациите за ЕВРО 2020.

 

https://twitter.com/susantoroj/status/1107272491997773825