дома Социјални Мрежи ПАНДОВ ПОВИКУВА НА БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ: Отпорот за парламентарни во СДС и...

ПАНДОВ ПОВИКУВА НА БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ: Отпорот за парламентарни во СДС и ДУИ не изненадува – она што зачудува е кандидатурата на Ѓорчев!

Воопшто не ме изненадува отпорот во СДС и ДУИ кон одржување и на парламентарни избори заедно со претседателските! Пржинските услови налагаат технички премиер, што ќе рече Заев е аут, а во ист кош со него се и Оливер Спасовски и Мила Царовска од внатрешни и труд и социјала. Заменичките места во министерствата за финансии, администрација и земјоделие доаѓаат како три од карти. Шаховската табла веднаш поубаво изгледа.

Но не е само тоа. Во ситуација кога би имало само претседателски избори, поради незаинтересираност на албанските гласачи нивниот глас ќе биде оставен на милост и немилост на гавазите на ДУИ, кои видовме пред неколку месеци на референдумот дека се подготвени да соборат светски рекорди во брзина на гласање. Кон нив немаше и нема да има санкции, напротив сигурен сум дека се и наградени. Истите тие сега уште пожестоко ќе ги полнат кутиите. Во случај да има и парламентарни, контролорите на Алијанса на Сеља, како и на Беса и ДПА, нема да дозволат таков изборен грабеж.

По глуп изговор дека во наредниве месеци ќе правеле реформи за ЕУ не можеа да смислат, кога гледаме дека цело СДС и ДУИ единственото нешто во периодов покрај тендерите, амнестии и вработувањата им е кампањата за избори.

Појавувањето во јавност на Влатко Ѓорчев како претседателски кандидат, кој своето учество во таа изборна трка не го условува со парламентарни, за мене е со единствена намера да се обиде да му направи изборен цензус на кандидатот на СДС, со што би се ставила и последната шајка во ковчегот на Македонија. Уште повеќе ме зачудува тоа што отворено одреден број на луѓе кои сосема добро ја разбираат политиката и се докажани опозиционери му даваат безусловна подршка.

Значи од една страна имаме ситуација во која консезуалниот кандидат на СДС и ДУИ поради изборните правила кои му овозможуваат изборен грабеж и насилие, има сигурна победа и од друга страна ,,Пржински избори”, на кој Заев и хунтава поради цело црнило кое и го направија на Македонија на секое поле, 100% ќе изгубат!

Лекот е #Бојкот на такви претседателски избори!

#БојкотирамСамоПретседателскиИзбори