дома Социјални Мрежи Пандов: Ќе се вакцинирам со АстраЗенека кога Филипче, Заев, Пендаровски, Шекеринска и...

Пандов: Ќе се вакцинирам со АстраЗенека кога Филипче, Заев, Пендаровски, Шекеринска и Ахмети ќе го направат тоа

Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ вели дека би се вакцинирал и со вакцината на Астра Зенека но ако тоа претходно тоа го направи државниот врв, и како што вели без капаче на иглата.

„Но, ќе ми биде многу важно ако неспособниве ја донесат онаа на Астра Зенека. Тогаш не само што самиот не би се вакцинирал со неа, туку ќе бидам на прва линија со антиваксерите.Уствари еве може и со неа, ако ги видам Заев, Пендаровски, Флипче, Ахмети и Шеќеринска како се вакцинираат со вакцини од Астра Зенека“, додава тој