дома Социјални Мрежи Пандов: „2021 или 1949?“- Цензурата на Инфомакс е само почеток, ќе биде...

Пандов: „2021 или 1949?“- Цензурата на Инфомакс е само почеток, ќе биде блоkирaн секој нeистомисленик на оваа власт

Бришењето на Јутуб каналот на Инфомакс предизвика бурни реакции во јавноста, посебно бидејќи власта сака да се фали со слобода на медиумите која според ние е на ниво како никогаш до сега. Со реакција се јави и Александар Пандов кој состојбата во Македонија ја спореди со периодот од 1949.

„Па така после трите одлични проекти на Инфомакс: „Прашањето ми е следно….“ со Александар Митовски – Мечка, „Тешки Муабети“ со Љупчо Палевски – Палчо и Милош Милошевски – Миќо и ,,Неделен Брифинг“ со Сотир Костов, Јутуб каналот на Инфомакс е изгаснат!“, коментира тој.

Пандов додава дека не очекува цензурата да застане тука, туку ќе продолжи и понатаму, не само кон Инфомакс, туку и кон останатите медиуми, но и лица кои не се согласуваат со политиката на владеачката СДСМ.

„За жал оваа цензура не верувам дека ќе застане само на Јутуб, а уште повеќе сум сигурен дека нема да биде насочена само кон Инфомакс, туку дека секој еден човек и медиум кој не размислува како СДС и не им е на линија во Македонија, ќе биде цензуриран и блокиран на секој можен начин.“, вели Пандов.

„Која година сме 2021 или 1949?“, прашува Пандов.