дома Балкан ПАНИКА ВО САРАЕВО: Евакуиран судот поради закана од бомбa

ПАНИКА ВО САРАЕВО: Евакуиран судот поради закана од бомбa

Во зградата на Општинскиот и Кантоналниот суд во Сараево утринава стигна дојава дека во објектот има експлозивна направа, пренесува Klix.ba.

Сите вработени биле веднаш евакуирани, а припадниците на Министерството за внатрешнби работи во кантонот Сараево изведуваат контрадиверзиони прегледи на зградата. Сараевскиот портал потсетува дека ова не е прва дојава за поставена бомба во некој од судовите во тој град. Досега сите дојави беа лажни.