дома Европа Паниka во Брисел: Еваkyиран аеродромот поради coмнителен багаж

Паниka во Брисел: Еваkyиран аеродромот поради coмнителен багаж

Police officers block access to a shopping mall in Brussels, Belgium, after a bomb scare early Tuesday.

Сомнителен багаж предизвика паника во бриселскиот аеродром. Три терминали на белгискиот национален аеродром во Завентем беа евакуирани попладнето, откако полицијата откри сомнителен багаж.

Белгиските медиуми наведуваат дека аеродромските служби потврдиле дека полицијата открила „сомнителен багаж“ во салата за поаѓање и решила да евакуира поширок параметар на трите терминали.

Медиумите додаваат дека патниците од терминалот биле преместени пред зградата на аеродромот, а службата за отстранување и уништување експлозиви е на пат кон аеродромот.