дома Македонија Паниxида за пoчинaтите бopци во Граѓанската вojна во Грција

Паниxида за пoчинaтите бopци во Граѓанската вojна во Грција

Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот македонски конгрес на влезот на Катлановска бања пред споменикот на ранетите и починатите Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во болницата во Катлановска бања 1947-1948 година беше одржана панихида за починатите борци.

Пред присутните се обратија претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и Александар Јаневски, првиот човек на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.