дома Политика Панова: Измeнитe нa Избopниoт зaкoник мopa дa ce дoнecaт co кoнceнзyc oд...

Панова: Измeнитe нa Избopниoт зaкoник мopa дa ce дoнecaт co кoнceнзyc oд cитe пoлитички пapтии, и зaeднo co лoкaлнитe дa ce opгaнизиpaaт и пapлaмeнтapни избopи

Во однос на предлогот доставен од Демократскиот сојуз се уште не стигнал до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ние го немаме разгледано и не можам да кажам што е тоа за кое би се согласиле. Имајќи го предвид фактот дека многу често пред избори се дебатирало за измени во изборниот законик, сметам дека најпрво сите измени во Изборниот законик мора да бидат донесени со консензус на сите политички партии, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова во емисијата Утрински брифинг.

Таа додаде дека мора да се врати довербата на граѓаните во институциите, бидејќи граѓаните имаат перцепција дека тие се само гласачи на закони, односно како што рече таа често сме сведоци дека пратениците на владејачкото мнозинство единствено доаѓаат во собранието само кога треба да се гласа одредено законско решение без притоа да навлезе во суштината на истото.

-Треба да се потрудиме да се врати довербата во институциите и се разбира ние пратениците да не бидеме гледани од страна на граѓаните како гласачи, бидејќи во последниот период перцепцијата на нашите граѓани е таква, затоа што често сме сведоци дека пратениците на владејачкото мнозинство единствено доаѓаат во собрание за да изгласаат одредени закони без да навлезат во суштината на истите, рече Панова и нагласи дека денеска ќе се одржи првата средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

-Во однос на измените на Изборниот законик во текот на денешниот ден ќе има прва средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, меѓутоа она кое што е најбитно е СДСМ мора да смогне сили да обезбеди фер и демократски избори, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е спремно да излезе на избори кога би ги обезбедиле да бидат фер и демократски и утре да се одржат. Значи заедно со локалните избори да се спроведат и предвремени парламентарни избори со консензус со измена на Изборникот законик она како што ќе се договорат работните групи, но се разбира мора да има консензус и да се бориме против масовниот поткуп кој се случуваше изминатите изборни циклуси, истакна Панова.