дома Македонија Пановски за pecтpиктивните мерки: Зошто дозволија свадби и слободен влез на лица...

Пановски за pecтpиктивните мерки: Зошто дозволија свадби и слободен влез на лица од земји со висок број на зapaзени?

Владата вчера донесе одлука за нови рестриктивни мерки во Македонија, со цел да се сопре ширењето на корона вирусот. Тие мерки наидоа на многу негативни критики од населението во Македонија, а одлуките не му се јасни и на микробиологот Никола Пановски.

„Тие што се одговорни и платени да не заштитат, нека кажат зошто го дозволија ова. По кои епидемиолошки критериуми дозволија влез на лица од земји со висок број на заразени слободно да влегуваат во земјава и зошто дозволија свадби во затворен простор?“, вели за „Фокус“, Пановски.

Состојбата во Македонија со коронавирусот значително се влоши во изминатата седмица, а во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 378 нови случаи.