дома Социјални Мрежи Пановски: Нема кој да му каже на Заев дека 10% од 7.700...

Пановски: Нема кој да му каже на Заев дека 10% од 7.700 е 770, тој мисли дека се 77

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот. Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти, реагира д-р. Никола Пановски на изјавата на премиерот Зоран Заев.

-Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки, пишува понатаму Пановски во својата реакција објавена на Фејсбук.