дома Македонија Пановски повторно со kpитика за мерките на Филипче: Ги терате пpeлежаните да...

Пановски повторно со kpитика за мерките на Филипче: Ги терате пpeлежаните да се вakцинираат кога имyнитeтот им е нajcилен

Професорот д-р Никола Пановски, повторно ги прашува властите зошто бараат толку рано од прележаните од КОВИД-19 да се вакцинираат, кога токму тогаш имунитетот им е најсилен.

Тој вели дека антителата 12 недели се високи и остануваат такви.

– Еве од втора година медицина, секој студент што го знае, нека одговорат врвните експерти на кои се повикува Министерството за здравство. ИгГ заштитните антитела се со црна линија. 12 недели се високи и остануваат високи!!! Вие ги терате да се вакцинираат најдоцна во седмата недела кога имунитетот е најсилен. Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?, прашува Пановски.