дома Социјални Мрежи Пановски со апел до вакцинираните со една доза: Не влегувајте во објектите...

Пановски со апел до вакцинираните со една доза: Не влегувајте во објектите во кои власта ви дозволува да влезете

Доктор Никола ПАновски преку социјалните мрежу упати апел до лицата кои немаат прележано ковид, а кои примиле, или ќе примаат деновиве една доза вакцина, да не влегуваат во објектите во кои им е дозволен влез, бидејќи, како што појаснува докторот, овие лица сѐ уште немаат имунитет, не се заштитени и се пог голем ризик да се зараат и потоа да ја шират заразата.
Пановски појасни дека дури по две недели од втората доза може да се претпостави дека лицето е заштитено од ковид-19.

„Почитувани жители на Македонија, вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале ковид. Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате. Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност. Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени“, напиша Пановски на социјалните мрежи.