дома Македонија (Видео) Пановски: Филипче го советуваат aнoнимни експерти – „Bakциниpaните не се поимуни...

(Видео) Пановски: Филипче го советуваат aнoнимни експерти – „Bakциниpaните не се поимуни од тие кои го пpeлежале виpycот“

Не знам кој го советува Филипче за такви изјави, но греши. Имунитетот стекнат од инфекција со „Ковид-19“ е многу посилен од оној на вакцинираните лица.

Ова го изјави микробиологот Никола Пановски за ТВ21, кој како и многу други лекари се противи на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, дека вакцините создаваат поголема заштита отколку прележувањето на корона вирусот.

Министерот Филипче веќе неколку пати ја повторува истата изјава, дека само вакцината е спас и дека вакцинираните се по имуни од тие кои биле заразени.

Инаку, Пановски смета дека процентот на лицата кои се позитивни со Ковид-19 иако се вакцинирани е многу повисок, додавајќи дека можеби е повисок од 10% како што изјави Министерот за здравство.

Тој од Министерството за здравство ги побарал податоците за лицата кои се заразени по втор пат со Ковид-19, но вели дека не му ги доставиле, поради тоа што, како што вели, бројот е екстремно мал, а додаде дека не верува дека има повеќе од 200 лица кои се заразиле по втор пат во нашата земја.

Видеото погледнете го тука.