Навивачите на солунски ПАОК уште една испратија тешка провокација до сите Македонци, со транспарент на трибините тие порачаа дека Македонија е една и била во Грција.
Инаку, ПАОК во моментов го игра натпреварот против Спартак Москва во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде во моментов имаат предност од 3:2, иако имаа и негатива од 0:2.