дома Македонија Папата Франциско на ручек во Резиденцијата со Бискупот Стојанов

Папата Франциско на ручек во Резиденцијата со Бискупот Стојанов

Папата Франциско во моментот е на свечен ручек кој во негова чест го приреди скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монсињор Киро Стојанов, во Католичката резиденцијата на Водно. По краткиот одмор, како што е предвидено според протоколот, Папата Франциск околу 16 часот ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква „Свето cpце Исусово“, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Ова е прва посета на поглаварот на Римокатоличката црква на нашата земја, воопшто. Посетата на Папата Франциско се оценува како историски чин и се реализира во исклучително важен период за земјава, кога исчекорува по патот на европските и евроатлантските интеграции, ја зацврствува внатрешната коxeзија и носи пораки за помиpyвање и солидарнocт.