Папата Франциск: Трошете за образование, а не за оружје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парите потрошени за вооружување на државите треба да се пренасочат кон образованието, порача денеска папата Франциск во својата годишна мировна порака, осудувајќи ги растечките воени трошоци.

Во својата порака објавена денеска по повод Светскиот ден на мирот на Римокатоличката црква, кој се слави на 1 јануари, папата повика и на подобра рамнотежа меѓу слободната пазарна економија и потребата да им се помогне на оние на кои им е потребна помош, како и да се заштити животната средина.

Речиси една третина од неговата порака, содржана на четири страници, е посветена на образованието и укажува на „значителното намалување“ на трошоците за образование во светот, додека воените трошоци се зголемија над нивото од периодот по крајот на Студената војна и „веројатно драстично ќе растат“.

– Затоа, крајно време е владите да развијат економски политики насочени кон промена на пропорциите на јавните средства потрошени за образование и за оружје, истакна папата во пораката испратена до шефовите на држави и меѓународните организации.

Тој повика на разоружување, забрана за нуклеарно оружје, нагласувајќи дека воените средства, исто така, треба да се пренасочат кон праведна дистрибуција на вакцините против Ковид-19 и истражувања за спречување на идни пандемии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This