дома Свет ПАРАДИРААТ СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ: Терористите во Сирија веќе не го ни кријат...

ПАРАДИРААТ СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ: Терористите во Сирија веќе не го ни кријат високософистицираното оружје добиено од САД!

Членовите на сириската терористичка група „Ансар ел ислам фронт“ во неодамна објавената снимка парадираат со противвоздушни проекти кои се лансираат од рамо. Ова е прв пат вакво оружје да биде забележано кај џихадистичката група

Џихадистите тврдат дека имаат „голем број“ на роектили СА-7 „стрела 2“ која „Слободната сириска армија“ и „Ансар“ имаат намера да ги употребат против авионите на сириската војска во Кунеитри и Дара. На снмката не е прикажано како функцонира оружјето, но еден од борцте забележува „Ние во Ансар ел ислам го распоредивме на неколку точки за противвоздушна одбрана за да спречиме секаков обид на авионите и хеликоптерите на сириската војска да бомбардираат цели во Кунетра“, наведува „Мидл ист ај“.

Другиот борец кој сепретстави како Абу Билал вели:
„Ние од Ансар ел ислам фронт, и фракцијата на ССА разменуваме опрема и борци со Тал ел Хари, Санданиј и Јабати. Во наредните денови ќе слушнете добри вести од Кунета и околината“.

„Забележавме бројни заседи на линијата на фронтот. Имаме единици на противвоздушната одбрана, пешадија и разни други родови на војската составени од наши и фракции на ССА во Кунетра и околината“ додава Абу Билал.
„Ансар ел ислам“ е означен како терористичка група во Обединетите нации и од бројни земји, вклучително и САД. Оваа група е позната по блиските врски со ИСИС и Ал Каеда во Ирак и Сирија. Сепак, ова не е прв пат членови на „Ансар ел ислам“ да добијат напредна и софистицирана воена опрема. Во минатото „Ансар“ беше меѓу многуте „умерени“ бунтовнички групи кои преку Саудиска Арабија добија антитенковски проектили БНГ-71 од американско производство.