дома Спорт ПАРИЗ СВЕТНА ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Триумфалната капија во Париз светна во...

ПАРИЗ СВЕТНА ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Триумфалната капија во Париз светна во боите на Македонија!

Пред почетокот на актуелното машко Светско ракометно првенство кое ќе се одржи во Франција, организаторот на уникатен начин го започна последното одбројување до стартот.

Вечерва Триумфалната порта во Париз е во знакот на Мундијалот со оглед на тоа што е обоена со боите на сите 24 ракометни нации кои наизменично се менуваат.

Меѓу нив секако се и националните бои на Македонија, жолтата и црвената.