дома Социјални Мрежи ПАРИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА, ФРЛЕНИ ВО ВЕТЕР: Нема ниту протести, ниту блокади, ниту...

ПАРИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА, ФРЛЕНИ ВО ВЕТЕР: Нема ниту протести, ниту блокади, ниту пак е спречена промена на името!

Подолго време во јавноста кружат шпекулации дека Македонската дијаспора ги финансира активностите на поединци во Македонија, кои пак, пред претставниците на дијаспората ветувале големи народни собири, протести и блокади со цел спречување на промена на името


Помеѓу имињата се споменуваат и оние на Јанко Бачев, Филип Петровски, Солза Грчева и низа други актери кои успеаа да ги злоупотребат парите на дијаспората, во насока на канализирање на народниот гнев во небитни активности, на тој начин гасејќи ја народната потреба за искажување на јавен протест и незадоволство.

Новинарот Миленко Неделковски на својот ФБ профил, прашува дали дијаспората сега виде дека од „инвестицијата“ нема ништо, а дека парите им се фрлени во ветер.

„Да ја прашам нашата дијаспора, односно оние што праќаа (ги полнеа со) пари за Тодор Петров, Јанко Бачев, Генералка Стојанка:
ИМА ЛИ РЕЗУЛТАТ ОД ВАШАТА ИНВЕСТИЦИЈА?!

Сочувано ли е името? Ослободен ли е Ченто? Има ли масовни народни собири и големи блокади?

Или сега сфаќате дека парите ги дадовте во ветер на слугите на Оливер Спасовски и Сашо Мијалков, на агентите на УДБА, на полициските соработници???“ – прашува Неделковски.