дома Македонија ПАРКОБРАНИТЕ НЕ СМЕАТ ДА ПИСНАТ: Пустош на шумите во околината на Ранковце...

ПАРКОБРАНИТЕ НЕ СМЕАТ ДА ПИСНАТ: Пустош на шумите во околината на Ранковце со амин на градоначалникот Тошевски

До нашата редакција пристигнаа информации дека во Подрачната единица на Македонски Шуми во Ранковце, се наоѓаат камиони на кои стои ознаката на кумановската фирма „Југодрво“ која според добиените информации е блиска до актуелната Власта и градоначалникот на Ранковце. Имено според нашите извори, сопственикот на фирмата чии камиони се одземени, заедно со градончалникот Ивица Тошевски се инволвирани во дрвокрадство и ги пустошат околните шуми

Дознаваме дека камионите се одземени минатата недела на територија на општина Ранковце иако градоначалникот се заканувал и вршел притисоци, а се јавувале и многи високи функционери од МВР, но сепак по неколку часовна расправија службените лица не подлегнале на притисокот, и ги одзеле камионите.

Сепак и покрај фактот што камионите се запленети се уште нема пријава. Постојат и сомнежи дали додека стојат запленети на плацот на Македонски шуми, истите ќе бидат растоварени и ќе се направи лажно вештачење на количината на дрва, за камионите да се вратат на сопственикот, а службените лица што ги одзеле бидат казнети и избракни од работа.

Изворот од кој ги добивме информациите тврди и дека началникот на Крим полиција во Крива Паланка е близок до градоначалникот на општина Ранковце. Сопртугата пак на началникот била поставена неодамна за  директор на комуналното претпријатие во Ранковце. А оттогаш, началникот ги штити бизнис интересите на Тошевски кој наводно се занимава со дрвокрадство. Фирмата Југодрвоод Куманово во целата игра  е  еден од клучните игчрачи, а според нашите информации зад неа стоја многу високи функционери на СДСМ од Куманов и таа е редовен добитник на општински тендери, кои ги користи за прикажување на  лажни документи и пустошење на шумата, со државна заштита.