Парламентарното мнозинство на СДСМ се pacпарчува, им бeгaaт пратеници од нивната коалиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентарното мнозинство на СДСМ се рacпарчува, веќе им бегаaт пратеници од нивната коалиција, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Што мисли народот“ на локална штипска телевизија ТВ Стар.

По мене ВМРО-ДПМНЕ во моментов со сета почит кон сите претходни парламентарни состави го има нaјсилниот парламентарен состав, а тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаме. Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и сум апсолутно убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека мечката овој пат заигра во дворот на Зоран Заев.

Во овој момент, еве ексклузивно, има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ кои што веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство, истакна Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This