дома Хороскоп Парови од пeкoлот: Ова се најнекомпатибилните знаци на Зодијакот

Парови од пeкoлот: Ова се најнекомпатибилните знаци на Зодијакот

Некои луѓе едноставно не се сложуваат, а се особено токсични за себе и за околината кога се во врска.

Ако ги следиме (пре)пораките на ѕвездите, комбинациите на овие хороскопски знаци се токму меѓу овие партнери од пеколот.

Овен и Скорпија

И двајцата се тврдоглави, многу брзо се лутат и сакаат да бидат доминантниот партнер во врската. И двата знаци зрачат со самодоверба, што во врска може да се манифестира со бесчувствителност и дрско однесување.

Стрелец и Јарец

Нивните вредности се целосно спротивни. Припадниците на овие два знаци имаат сосема различни погледи на повеќето нешта – Јарците се традиционални и конзервативни, а Стрелците либерални и авантуристи. Расправиите се чести и неизбежни, најчесто бидејќи и двајцата очекуваат дека другиот ќе се смени.

Близнаци и Девица

Овие двајца ќе се полудат еден со друг. Девицата ќе го гледа партнерот Близнак како напорен и детинест, а Близнаците ја доживуваат Девицата и нејзиниот перфекционизам како напорно родителско однесување.

Бик и Скорпија

Ова е можеби една од најлошите љубовни комбинации меѓу хороскопските знаци. Овие двајца го поттикнуваат и извлекуваат најлошото еден од друг. По првичната фаза на затресканост кога ги игнорираат разликите, двајцата стануваат непријатели кои постојано се расправаат и сакаат само победа над другиот, а не градење врска.