дома Спорт Парондо: Задоволни сме со резултатот, моравме постојано да бркаме

Парондо: Задоволни сме со резултатот, моравме постојано да бркаме

Македонскиот шампион Вардар успеа да дојде до реми и еден бод од тешкото гостување во Белорусија кај Мешков Брест.

„Црвено-црните“ постојано беа во негатива, го бркаа противникот кој во еден момент водеше и со 27-21, но четата на Парондо покажа карактер, покажа дека никогаш не се прeдава и со голот на Дисингер во последната минута остана непоразена. Од овој резултат и залагање на неговите избраници беше задоволен шпанскиот стратег Роберто Гарсија Парондо кој на пресот по средбата порача:

-Ова беше добар натпревар, двата тима освоија по еден бод. Првото полувреме беше израмнето и тоа се гледа по резултатот на семафорот. Во вториот дел почнавме сериозно да заостануваме, ритамот беше нарушен со честите исклучувања од по две минути. Тоа се рефлектирше на резултатот, моравме постојано да бркаме. На крајот, можам да кажам дека сум задоволен од ремито, им честитам на момците, -истакна Парондо.

Од ремито и бодот задоволен беше и Глеб Калараш.

-Бевме подготвени за тежок натпревар, така и излезе. Драго ние шро дојдовме до овој бод, бидејќи е навистина тешко да се игра против Брест, -рече Русинот.