дома Социјални Мрежи ПАРТИСКИ ПРОГОН ВО МАКЕДОНИЈА: Тони Михајловски повикан на распит во ОЈО

ПАРТИСКИ ПРОГОН ВО МАКЕДОНИЈА: Тони Михајловски повикан на распит во ОЈО

Партискиот прогон во Македонија секојдневно добива нови димензии, а монтирани обвиненија се штанцаат во Јавното Обвинителство. Денес на ред во ОЈО стигнал и познатиот македонски глумец Тони Михајловски кој меѓу другото е висок партиски функционер во опозициската ВМРО-ДПМНЕ односно дел од Извшниот Комитет на Партијата.

Тој на својот Фејсбук напиша ,, Денес, сега баш, сум во ОЈО на распит ваљда за тероризам, и можам да ви кажам дека ви фалат столици во чекалната. Не е у реду.’’

Да се потсетиме дека голем број на партиски активисти и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ сеуште се наоѓаат во притвор за настаните од 27 април, кога против уставно беше избран претседател на собранието и беше испеана албанската химна во македонското собрание по што народ која протестираше пред собранието испровоциран од настаните влезе во парламентот.