дома Актуелно ПАРТИЈАТА НА ПУТИН ЈА ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДАТА НА ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата

ПАРТИЈАТА НА ПУТИН ЈА ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДАТА НА ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата

Сергеј Железњак, заменик на секретарот на Генералниот совет на руската партија Единствена Русија преку својот фејсбук профил ја поздрави победата на ВМРО ДПМНЕ и “Колацијата за подобра Македонија”.

” Им честитаме на партијата ВМРО ДПМНЕ, и сите партнери во “Коалицијата за подобра Македонија” на заслужената победа. Им посакуваме на нашите македонски истомисленици успешно средување на политичкиот дијалог во земјата , постигнување консензус за формирање на новиот состав на Парламентот и новата Влада на Република Македонија, вели во честитката Железњак.