дома Русија ПАРТНЕРСТВО, А НЕ КОНФЛИКТ: Победата на Трамп значи и побезбеден свет, нова...

ПАРТНЕРСТВО, А НЕ КОНФЛИКТ: Победата на Трамп значи и побезбеден свет, нова ера на мултиполарност и соработка!

Русија е спремна и со надеж гледа на обновувањето на билатералните врски со САД, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, коментирајќи ја веста за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД

„Ја слушнавме изборната реторика на Трамп, која се фокусираше на обновување на релациите помеѓу Русија и САД“, изјавил Претседателот Путин, зборувајќи на приемната церемонија организирани во чест на новите странски амбасадори во земјата.

„Разбираме и свесни сме дека тоа ќе биде тежок пат имајќи ја во предвид деградацијата во која за жал се наоѓаат релациите помеѓу Русија и САД во моментов“ – додаде Путин.

Зборувајќи за деградираноста на односите помеѓу двете земји, претседателот уште еднаш потенцираше дека „не е наша вина тоа што односите помеѓу Русија и САД се онакви какви што ги гледате“.

Претходно, во телеграма која Путин му ја испрати на Трамп, рускиот претседател изрази верба дека дијалогот помеѓу Москва и Вашингтон ќе се развива во позитивен правец, почитувајќи ги меѓусебните ставов и гледишта, со цел изнаоѓање на ефективни одговори како за САД така и за Русија.