дома Балкан ПАТИШТА ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ: Поплавите во Грција ги уништија и однесоа патиштата...

ПАТИШТА ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ: Поплавите во Грција ги уништија и однесоа патиштата по европски стандарди!

Големи се проблемите создадени од поројните дождови во реонот на Солун. Невозможно е движењето по долги пат Епаноми – Неа Миханион каде патот е поделен на два дела. Сликата, објавена од грчки медиуми ги одразува сериозните оштетувања на патот. Во областите Солун и Пелопонез е прогласена вонредна состојба поради катастрофалните последици од поројните дождови и поплавите, пријавени од агенцијата АНА.


На вонредна средба во градот Каламата, на која присуствувала и владина делегација, е одлучено да бидат преземени вонредни мерки.

Досега во поплавите загинаа четири лица, а еден човек се смета за исчезнат. Спасувачките екипи успеаја да помогнат на 24 лица во Солун, 29 се спасени во Лаконија и 21 во Месина.