дома Македонија ПАТЛИЏАН ДИПЛОМАТИЈА: Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори

ПАТЛИЏАН ДИПЛОМАТИЈА: Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори

Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.

Листата ќе биде доставена до претседателот Стево Пендаровски.

Првично на листата биле 21 кандидат, но утврдени се 19, бидејќи за двајца кандидати треба да се завршат дополнителни чекори.

Премиерот во заминување Зоран Заев најави дека предлозите за новите амбасадори денеска ќе бидат доставени до претседателот на државата, кој ќе треба да одлучи за нивно именување.

Нов амбасадор во Брисел ќе биде досегашниот советник за надворешна политика Дане Талески, како што брифираа од Владата завчера.