дома Актуелно ПАУЗА ОД ЕДЕН ЧАС: Илија Димовски побара да не се расправа за...

ПАУЗА ОД ЕДЕН ЧАС: Илија Димовски побара да не се расправа за законот за јазиците и седницата биде прекината

Во процедурална забелешка Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се расправа за законот за јазиците и седницата биде прекината, а Комисијата за мандатно-имунитени прашања да расправа за сите аспкети поврзани нивнита над 35.500 амандмани.

 

Димовски посочи дека нивните амандмани се однесуваат само на 19-те членови за кои претседателот на државата укажал дека се неуставни.

По изгласувањето на измените на Законот за продажба на земјоделско земјиште во скратена постапка и на Законот за плати и други надоместоци на избрани и други лица (прво читање), Џафери објави редовна пауза.

Пред седницата, беа одржани координативни средби на пратенчките групи со лидерите на нивните партии во врска со законот за јазиците.