дома Политика ПАЃА ВО ВОДА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА ЗА СЈО: Професорот Гогов за Алфа ТВ...

ПАЃА ВО ВОДА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА ЗА СЈО: Професорот Гогов за Алфа ТВ објаснува дека кражбата на клучот фрла сомнеж врз целата постапка!

Експертската јавност очекува судијата во предистражна постапка да ги повика сите кои биле на претресот и да го расчисти целиот случај

Ако клучот е украден, како што обвинува судијата Панчевски, тогаш тоа ја изместува законитоста  и фрла сомнеж на целата постапка и претресот, па затоа е важно да се знае дали клучот е впишан во записникот од претресот или не – објаснува за Алфа професорот од факултетот за безбедност, Богданчо Гогов.

Во врска со видеото од домашниот надзор на Панчевски што го емитувавме вчера, судијата тврди дека на снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од неговиот дом. Дали за ова службеникот добил наредба од Катица Јанева или од претпоставените во МВР, праша вчера Панчевски.

Според Гогов, најитно мора да се расветли случајот.

Ако се докаже дека кражбата е направена, тогаш паѓаат во вода сите очекувања и целата слика за постоењето на СЈО, вели тој.

Според Панчевски, снимката е доказ за подметнувањата што ги прави СЈО, и ги предупредува колегите дека истото ги очекува. За него е чудно и што налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа со потпис од гевгелиски судија.