дома Актуелно ПЕЕЊЕ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ БИЛО ТЕРОРИЗАМ: Повикуваа за љубов кон Македонија, а ги...

ПЕЕЊЕ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ БИЛО ТЕРОРИЗАМ: Повикуваа за љубов кон Македонија, а ги теретат за тероризам – од 10 години до доживотен затвор!

На протестите на „За заедничка Македонија“ народот се сплоти веејќи македонски знамиња и пеејќи македонски песни.

Цели два месеци, секој ден, протестите беа мирни. Се повикуваше на љубов кон Македонија.

Игор Дурловски, светски познатиот оперски пејач, секоја вечер ја пееше громогласно македонската химна поздравувајќи ги огромниот број насобрани граѓани.

Сега Дурловски доби 30 дена притвор. Ваква мерка беше изречена и за уште еден организатор на протестите Богдан Илиевски (Бетмен Велит) кој во своите говори ги повикуваше Македонците да се сплотат.

„Срцата ни чукаат во еден ритам за една и единствена Македонија“. Вака е насловено видеото кое беше објавено на нивната Фејсбук група, каде добиваа постојано огромна поддршка.