Пекевски: Граѓаните стратешки партнер на Општината во креирањето подобра иднина во Берово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Берово во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“ свое претставување имаа кандидатот за градоначалник Звонко Пекевски и Советничката листа на СДСМ и коалицијата.
-Чест и задоволство да видиме што сработивме и да направиме концепт на она што допрва ќе го сработиме. Имајки ја предвид довербата граѓаните во изминатите години ве имавме за стратешки партнер во креирањето на иднината на Општина. Во изминатиот период реконструриравме голем број на улици и патишта, изградени се водоводи и канализации, општината е одблокирана, рече Пекевски.
Во иднина додаде Пекевски, има уште многу работи да се завршат за подобро утре на граѓаните.
-Ќе аплицираме на сите повици, а од Владата ќе очекуваме уште повеќе средства за урбано и поубаво Берово. Берово после 4 години е поурбанизиран град, посакуван за туристите и сите граѓани. Продолжуваме да реализираме уште повеќе, затоа што имаме визија и план за град со чиста и здрава животна средина и брз социо-економски развој, со цел Берово да биде најдобриот туристички вентар во РСМ, додаде кандидатот Пекевски.
Носителот на советничката листа Стево Суџуковиќ рече дека најдоброто за општина Берово е Звонко Пекевски затоа што пред четири години иако наследил пустош ја раздолжил општината, која сега е ликвидна и успешна општина.
Ги повика Беровчани да го дадат својот глас за бројот 12, за втор мандат на актуелниот градоначалник на Општина Берово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This