ПЕКОЛНО „ЗМИСКО ЛЕГЛО“: Тука се вкрстува најмоќното оружје – се е спремно за Трета Светска војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако ИСИС е уништен, најопасната терористичка организација во свеотот во Сирија не мирува. Како што се покажа по последните постапки, превенството во тероризмот го презема Ал Нусра фронт. Нападите и оружјето кое таа група го користи во последните месец дена се користи против руските сили кои покажуваат дека сериозно се спремиле за војна

Сириската провниција Идлиб се претвори во вистинско „змијско легло“. Оттука се организираат напади на сириската војска, руските бази и проиранските сили. Тука се наоѓа центарот на терористичката организација Нусра фронт – одделена од Ал Каеда.

Само за последните месец дена од Идлил терористите изведоа два големи напади на руските сили во Сирија. Првиот се случи на Бадник, кога терористите ја нападнаа руската база Хмејмим и Тартус со рој дронови. Во таа прилика загина и повредени беа неколку руски војници. Вториот напад на терориситте се случи пред неколку дена и заврши со соборување на руски авион СУ-25 кај Идлиб. Тогаш загина пилотот Роман Филипов.

Не е тајна дека Нусра фронт од почетокот на војната имаше силна поддршка од заливските држави и Турција во борбата против Башар ел Асад. Денес, по соборувањето на рускиот авион СУ-25, повеќе никој не е сигурен што оваа група, и сличните на неа, поседуваат од воен арсенал. Дроновите кои се користени за напад на руската база наводно сами ги направиле. Многу возможно, но технологијата за нивна изработка некој морал да им ја даде, од некој морале да купат и да ја прошверцуваат во Сирија. Да не зборува за противвоздушните ракетни комплекси. Речиси по три години борби против тероризмот, Сирија има современо оружје повеќе отколку храна. Според првичните верзии, рускиот авион е соборен со американски систем „Стингер“. Со обзир на тоа дека Блискиот исток е добар купувач на американско оружје, тешко е да се утврди кој би можел да им го продаде на терористите. Тоа, секако, ќе го знае само Вашингтон, но малку е веројатно дека тоа ќе го објават. Ако поради ништо друго, ќе го сокријат како деловна тајна.

Голема врева предизвика и уништувањето на северот на Сирија на турскиот тенк „леопард“ од германско производство, кој се смета за еден од најдобрите на светот. За ваков подгив, курдските сили наводно користеле противвоздушне ракетен комплекс „Конкурс“ од советско производство. Оваа информација уште повеќе ги комплицира работите бидејќи покажува дека во Сирија сите имаат сечие оружје. Русија никогаш не ги вооружувала Курдите, но возможно е истите ова оружје да го добиле преку трета страна. Бидејќи крудските сили и регуларната власт во Дамаск имаат премолчен договор неофицијално да им се дозволи автономна управа, со тоа да се борат против терористите, можно е Асад да им дал нешто вооружување. Покрај тоа, медиумите често пишуваат за добро развиен „црн“ пазар на кој преку Украина и балканските држави пристигнува оружје од целиот свет.

Додека на Блискиот исток се обидуваат да утврадт чие е и да го идентификуваат потеклото на оружјето кое секојдневно станува се поопасно за заинтересираните играчи, Американците имаат некој свој план. Нема ден од Западот да не се слушнат обвинувања дека Русија мижи на користењето на хемиско оружје од страна на Башар ал Асад. Секако, ако до неодамна се обидуваа преку слики и некои прилично тенки факти да ги докажат злочините на регуларните сириски сили, сега се сѐ сведува на агресивна реторика. Амбасадорот на Русија во Сирија за Спутник објаснува дека Американците повторно спремаат нешто во Сирија.

„Земајќи го во предвид тажното искуство на Хан Шеихун не може да се исклучи дека на овој начин се припрема нова интервенција во Сирија со цел да се помогне на милитантите кои трпат пораз по пораз и да се прекине напредокот во процесот на политичко решавање на кризата по успешното одржување на Конгресот на сирискиот национален дијалог во Сочи“, вели Рускиот амбасадор во Дамаск Александар Кишчак.

Интересно е тоа што провинцијата Идлиб припаѓа на зоната на деескалација која треба да ја надгледува Турција. Меѓутоа, во овој момент изгледа дека турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган има поголема работа. Со желба еднаш за секогаш да се пресмета со Курдите, тој една година по првичниот обид уште еднаш ја помина границата на Сирија и тргна на Африн и Манбиџ. Турција се смета за една од најспособните членки на НАТО на воен план, но без обзир на секојдневните фалби од фронтот, изгледа дека сеуште се во место. Турскиот претседател вети дека со војската ќе дојде до Идлиб, но изгледа таму никој нема наскоро да го види.

Како што изгледа, сите се тука: Русија, САД, Турција, Сирија, Израел, Иран, сите терористи од светот, и уште многу играчи. Војници и оружје има доволно за трета светска војна, само е прашање дали самата Сирија ќе може да ја издржи оваа апокалипса.

Милена Цмиљаниќ
Спутник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This