Пендаровски: Владата прифатила само една третина од иницијативите на ДКСК, затоа сме на 111 место на „Транспаренси“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата треба да и даде двапати поголема поддршка на Антикорупциската комисија зашто тие луѓе имаат волја да се фатат во костец со корупцијата, порача претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ24.

„Прво, затоа што таа комисија ја биравме за прв пат како независна со транспарентен начин, која доби највисоки оценки од ЕУ. Ако постои факт, а од устата на првиот човек на Државната комисија за спречување на комисија е кажано јавно поодамна дека лани само една третина од нивните иницијативи за судир на интереси и евентуална корупција се прифатени од Владата, затоа имаме ваков резултат 111-то место на листата на “Транспаренси”“, рече Пендаровски.

По извештајот на „Транспаренси“: Што ќе преземе Владата за да ја поправи перцепцијата за битката против корупцијата…

Тој рече дека го изненадило ниското рангирање, зашто лани бевме на 105 место што, рече, е еднакво лош резултат и е логично зашто не може да има драстично напредок.

„Според методологија, се мерат перцепции. Не дека не е релевантен индикатор за реалните состојби, но перцепциите во оваа област се битна работа за да ги насочите напорите“, рече шефот на државата.

Според Пендаровски, граѓаните се најмногу разочарани зашто, рече, не испорачавме правда што може да се види и низ бројките од парламентарните избори.

„Иста политичка структура, дури и кадровска, не само во политичка смисла, освои 110 илјади гласови помалку од изборите во 2016. Моја проценка е дека тоа е најмногу поради неиспорачувањето на резултати во оваа област. Со мојата надлежност, јас можам само постојано да ја кревам свеста за овие проблеми кои се неспорни и да им давам поддршка на луѓето и на факторите и институциите кои треба да ги расчистуваат“, истакна Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This