дома Македонија Пендаровски ги иckapa вевчанци: Пaлeњeтo на знaмeтo на Бугapиja е зa ocyда

Пендаровски ги иckapa вевчанци: Пaлeњeтo на знaмeтo на Бугapиja е зa ocyда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, напиша претседателот Стево Пендаровски на „Фејсбук“, по реакцијата на Софија и објавите во тамошните медиуми дека на карневалот било запалено бугарското знаме.

Претходно, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, објави дека Софија упатила остар вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме.

„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази пред владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева на „Фејсбук“.