дома Македонија ПЕНДАРОВСКИ ГО ДОБИ УВЕРЕНИЕТО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: ДИК му го врачи уверението на...

ПЕНДАРОВСКИ ГО ДОБИ УВЕРЕНИЕТО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: ДИК му го врачи уверението на Пендаровски за преседател на државата

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател на Република Македонија.

Претходно, ДИК ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.

Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.