дома Македонија Пендаровски го покани олимпиецот Георгиевски да чекори заедно со него на Мечкин...

Пендаровски го покани олимпиецот Георгиевски да чекори заедно со него на Мечкин Камен

Олимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски вчера мина низ Триумфалната капија во Скопје пречекан стотици фанови кои оддадоа големо признание за освоениот сребрен медал во Таекводно на Летните олимписки игри во Јапонија.

Георгиевски со својот огромен успех стана македонски херој, чекорејќи по стапките на РК Вардар и фудбалерите кои се пласираа на Европско.

Попладнево на брифинг со новинарите претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски изрази големо задоволство од успехот на Георгиевски и стакна дека го поканил заедно со него рамо до рамо да чекори на главната прослава на Мечкин Камен.