дома Македонија Пендаровски: Димитар Ковачевски е голема непознаница во политиката

Пендаровски: Димитар Ковачевски е голема непознаница во политиката

Претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, зборувајќи за актуелните настани во Македонија, се осврна и кон новоизббраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, нарекувајќи го непознаница

„Објективно, Димитар Ковачевски е голема непознаница во политиката бидејќи не бил на позиција претходно. Треба да му се даде шанса, факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат. Мислам дека има добра стартна основа“, изјави шефот на државата.