дома Македонија Пендаровски доби двојазично уверение за претседател

Пендаровски доби двојазично уверение за претседател

Новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски од ДИК доби уверение за претседател напишано на македонски и на албански јазик.

Ѓорге Иванов до својот последен работен ден вчера не го потпиша указот за Законот за употреба на јазиците, но тоа не беше пречка на денешното официјализирање на мандатот на неговиот наследник Пендаровски да се искористи и албанскиот јазик.