дома Социјални Мрежи Пендаровски до фудбалерите: Одигравте херојски, се гордееме со вас

Пендаровски до фудбалерите: Одигравте херојски, се гордееме со вас

Ви честитам за вечерашната игра момци! Одигравте херојски. Се гордееме со вас. На капитенот Горан Пандев му благодарам за досегашниот придонес за македонскиот фудбал, стои во Фејсбук објавата на претседателот Стево Пендаровски по натпреварот Македонија – Холандија на Европското првенство во фудбал.

Претседателот Пендаровски го следеше овој натпревар и силно навиваше за нашите фудбалери заедно со женската фудбалска репрезентација.

– Учеството на Европското првенство за македонската фудбалска репрезентација е успех сам за себе. Нашите херои, вечерва, на последниот натпревар ги бодриме заедно со женската фудбалска репрезентација, напиша Пендаровски.