дома Актуелно Пендаровски е новиот Пауновски – пркocтот на претседателот дочекан нa нoж од...

Пендаровски е новиот Пауновски – пркocтот на претседателот дочекан нa нoж од Бихаќка

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Маркоска, на денешната прес-конференција на новинарско прашање за ставот на претседателот на државата, Стево Пендаровски за повторно отворање на случајот за настаните на „27 април“ го изнесе својот став.

Според Маркоска, спротивно на ставот на Пендаровски смета дека она што се случи на 27ми април беше рушење на уставниот поредок.

– Сите бевме сведоци што се случи пред четири години, дека беше напад на домот на демократијата и за тоа си следеше судска постапка каде веќе делото е завршено и судот е оној којшто треба да одлучи дали станува збор за тероризам, насилство …., а веќе има одлучено и тоа е веќе завршена процедура во судството, рече Маркоска.

Претседателот на Република Македонија вчера вечер во Само Интервју го кажа својот став за настаните од 27 април, според него луѓето кои влегоа во Собранието не се терористи.

-Јас не мислам воопшто дека луѓето кои што влегоа внатре се терористи, дури и оние кои физички напаѓаа луѓе. Тие што физички напаѓаа луѓе ги заслужуваат казните кои ги добија, тие што само влегоа во Собранието не можеш да кажеш дека се терористи, вели тој.

Тој напоменува дека казните за осудените од 27 април се високи и драконски, а според него високи се и казните за Гордана Јанкуловска, Никола Груевски и Ѓоко Котевски за случајот „Тенк“.

-Ако ме прашаш мене за неспорно организирање на таков настан можеби 18 години се многу. Да бидам фер, да го оставиме 27. Како граѓанин кога гледам на телевизија кога слушам кој колку добил за што. Никола Груевски направи многу лоши работи во оваа земја снимките тоа го покажуваат, понатаму и низ судењата кои почнаа и не завршија од непознати причини. Меѓутоа ако ми кажете дека од се што тој претпоставено направил него го бараме да лежи за мерцедесот и добил две години, Јанкуловска добила 4 години за Мерцедес кој и ден денес го гледате кај Владата, односно државата и дека помошникот министер за финансии Ѓоко доби 6 години затвор, јас би рекол дека тоа е висока казна, додаде тој.

Пендаровски се согласи и со барањата на уставобранителите, но и лидерот на опозициајта дека случајот „27 април“ треба да почне од почеток доколку има нови докази.

Говорите за изјавата на Мицкоски јас мислам дека тоа е изјава на место, не мислам дека треба да се бранат тие луѓе бидејќи ја нападнаа демократијатам, не нападнаа сите нас избрани пратеници меѓутоа единствена начин со кој можеш да ја расчистиш маглата околу целиот тој настан со нови докази и сведоци да бараш преотворање на тој случај. Јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури. Не можеме да кажеме не се виновни или се борци за слобода, а овие другите велат дека се терористи. Имате нешто плус непознато кое не било познато во време на изречување на казните, доказ изнесете го, додаде тој.

Тој повтори дека најдобро решение за да се расчисти маглата околу случувањата на 27 април би било повторно судење.

-Во овој момент јас поддржувам преотворање на процесот ако има нови докази и нови сведоци кои ќе го осветлат случајот од друг аспект кои што ќе кажат дека не било баш така докажано на првото судење, можеме да разговараме за тоа. Коа би ме прашале за правен совет, јас би одел во таа насока, вели Пендаровски.