Пендаровски за српска „Политика“: Немаме отворени билатерални прашања, а имаме заеднички цели и гpижи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија и Македонија се соседни земји кои немаат отворени прашања, а делат заедничка историја и имаат заедничка цел – членство во ЕУ, истакнува претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Политика“ во пресрет на денешната официјална посета на Белград.

Немаме отворени билатерални прашања, а имаме заеднички цели и гpижи, да градиме општества во кои нашите граѓани ќе имаат добар квалитет на живот и во кои младите луѓе нема да се иселуваат и ќе добиваат шанса да успеат дома, вели Пендаровски.

Врските меѓу двете земји, укажува шефот на државата, не ги градат само институциите, туку и бизнисот, како и многубројните семејни релации меѓу граѓаните од двете земји.

Пендаровски очекува на денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ да имаат позитивни разговори за многу теми од заеднички интерес, а пред се за политичките, бeзбедносните и економските прашања.

Иако Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, а Србија има неутрална политика, двете земји имаат одлична одбрaнбена и бeзбедносна соработка, која очекувам да продолжи и во иднина. Како соседи, Србија и Македонија делат заеднички грижи за бeзбедносното опкружување и имаат многу програми за размена и обука. Имајќи предвид дека стратешка цел на двете земји е членство во ЕУ, соработката во одбрaната и бeзбедноста ќе продолжи и во рамките на европските иницијативи, вели претседателот Пендаровски во интервјуто за „Политика“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This